Девет од 11 чевли од онлајн платформи содржат нелегални и опасни супстанции. Штетни хемикалии како фталати и тешки метали се наоѓаат во повеќето ѓонови на тестираните чевли од популарните онлајн платформи.
Од страна на Данскиот Совет на потрошувачи биле тестирани вкупно 16 пара чевли во различни стилови – мокасини, каубојски чизми, патики и сандали – од популарните онлајн платформи AliExpress, Shein и Temu, како и од европските брендови како H&M, Zara и Only.
Начин на тестирање
Биле тестирани чевлите за хемикалии кои се проблематични за здравјето и животната средина. Некои од нив се забранети за производи како чевли во ЕУ, додека други остануваат легални. Супстанциите вклучувале: Фталати, хлорирани парафини со краток и среден синџир, PAHs, тешки метали, формалдехид, отпорни на пламен, алергени бои и PFAS.
Имено биле купени 11 пара чевли од онлајн платформи надвор од ЕУ и пет пара чевли од физичките продавници. Девет од 11 чевли од онлајн платформите содржеле супстанции на нивоа кои биле нелегални во ЕУ, и затоа тие го добиваат најлошиот рејтинг. Штетните супстанции кои се наоѓале во ѓонот биле фталати, тешки метали, хлорирани парафини и ПАУ. Од петте видови чевли купени од физичките продавници, ниту една нема нелегална содржина. Еден пар содржел PFAS во горниот дел на чевлите, мерен како вкупен органски флуор (TOF) кој сè уште е легален, но не биле измерени специфични PFAS во чевлите.
Во тестот биле пронајдени штетни и нелегални фталати во неколку чевли од онлајн платформите – некои во количини кои далеку ја надминувале дозволената граница од 0,1 процент, додека пак пар мокасини од Тему, на пример, содржеле нелегални фталати во ѓонот во концентрација до 17 проценти. Фталатите обично се користат како пластификатори во пластиката и тие се ендокрини нарушители и се забранети во широк спектар на потрошувачки производи.
Во прилог на фталатите, чевлите од платформите содржат и многу други штетни и нелегални супстанции. Во седум од чевлите пронајдено е хлорирани парафини, за кои се сомнева дека се ендокрини и канцерогени, и се штетни за животната средина. Во три од чевлите, содржината е толку висока што е нелегална. Поголеми количини на канцерогени ПАУ и штетни тешки метали како олово и кадмиум исто така се наоѓаат во неколку од тестираните чевли.
Видот на чевлите не прави разлика
Тестот не покажува корелација помеѓу хемиската содржина и видот на чевлите за кои станува збор. Има и сандали со и без несакани хемикалии – истото важи и за каубојските чизми, мокасини и патики. Непожелните супстанции главно се наоѓаат во ѓонот.
Зошто “Направено во Кина- Made in China” не е секогаш исто
Сите чевли кои биле тестирани од AliExpress, Shein и Temu биле купени директно од кинески компании и затоа веројатно биле произведени во Кина. Неколку од чевлите купени од физичките продавници исто така носеле информација дека се направени во Кина.
Но која е разликата помеѓу овие чевли каде што производството се одвива во иста трета земја.
Европските компании како H&M, Zara и сл. имаат правна одговорност да се осигураат дека нивните чевли се во согласност со хемиските прописи во ЕУ, без оглед на тоа каде се произведени чевлите. Но истото не важи за платформи како AliExpress, Shein и Temu. Тие мора да ги отстранат нелегалните производи ако се свесни за нив, но тие немаат иста одговорност да проверат дали има нелегални хемикалии пред чевлите да бидат продадени на потрошувачите.
Главен заклучок
Девет од 11 чевли од AliExpress, Temu и Shein содржат штетни и нелегални хемикалии како што се фталати, хлорирани парафини, тешки метали и PAHs во ѓонот. Ниту еден од петте пара чевли од физичките продавници немаат содржина на нелегални супстанции, само еден пар чевли содржи легален PFAS.
https://taenk.dk/kemi/visit-our-english-version/nine-out-11-shoes-online-platforms-contain-illegal-and-hazardous