Home / Новости / Хемикалии во евтиниот накит

Хемикалии во евтиниот накит

Често се  запрашуваме дали  има штетни тешки метали во накитот кој го купуваме од  Тему или евтините модни брендови?  

Од страна на Дански совет за потрошувачи THINK Chemicals биле тестирани прстени, обетки, алки и ѓердани од онлајн платформи надвор од ЕУ за тоа дали содржат  никел, олово и кадмиум. Имено било извршено тестирање на  23 видови накит – обетки, прстени, ѓердани и алки – од онлајн платформи и одредени физички продавници за тоа колку тие содржат  штетни тешки метали. Биле купени 16 парчиња накит од онлајн платформите AliExpress, Amazon.com, Ebay, Shein, Temu и Wish и 7  парчиња накит биле купени на физички продавници( H&M, Zara и сл.)

Начин на тестирање
Накитот е анализиран за ослободување на никел, кој може да предизвика алергии. Според законодавствата на ниво на ЕУ накитот може да содржи никел, но постојат ограничувања за тоа колку никел може да ослободи. Границата за ослободување на никел од накит е 0,5 микрограми никел/cm2/неделно. Единицата е за вкупното ослободување на никел за одредена површина во одреден временски период.

Накитот бил анализиран за кадмиум и олово во лабораторијата. Имено  кадмиумот и оловото се токсични тешки метали кои се акумулираат во телото и предизвикуваат различни здравствени ефекти. Кадмиумот може, меѓу другото, да предизвика оштетување на бубрезите, додека оловото може да влијае на развојот на мозокот и да ја ограничи интелигенцијата на децата. Во ЕУ, постои општа граница за содржина на кадмиум од 100 mg / kg, што одговара на 0,01%, додека за олово, постои европска граница од 500 mg/kg, што одговара на 0,05%.

Резултати од тестот
Тестот покажал дека повеќе од едно од три парчиња накит од онлајн платформи се нелегални и дека штетни тешки метали како што се кадмиум и никел се пронајдени во големи количини во 6 од 16 парчиња накит од онлајн платформите. Понатаму дека дури и ако накитот изгледа идентично, може да постои невидлив ризик за здравјето скриен во некои од најевтините парчиња накит.

Тестот покажува дека постојат значителни разлики помеѓу накитот купен во физичките продавници и оние кои доаѓаат од онлајн платформи надвор од ЕУ.

Имено откриен е накит со ослободување на никел помеѓу 3 и 205 пати над граничната вредност, кое нешто е  загрижувачко, бидејќи околу 10 проценти од младите жени се проценува дека имаат контактна алергија на никел, а која алергијата трае доживотна и може да предизвика постојан осип и екзема кога кожата доаѓа во контакт со производи како што се накит, па дури и мобилни телефони. Затоа е важно да се избегнува никел во накитот – особено ако веќе имате симптоми.

Утврдено е лажна ознака 925 сребро ( 925 Sterling Silver), кое всушност е направено од кадиум. Имено 3 парчиња накит – од Wish и Ebay соодветно – содржеле нивоа на кадмиум над 95 проценти. Ова одговара на 9500 пати над дозволената граница. Кадмиумот е високо токсичен тежок метал кој се акумулира во телото и меѓу другото може да доведе до оштетување на бубрезите,. Трите парчиња со висока содржина на кадмиум биле означени со “925”, што нормално означува дека содржат најмалку 92,5 проценти чисто сребро. Сепак, лабораториските анализи покажале дека тие биле направени речиси целосно од кадмиум – а не од вистинско сребро. Ова значи дека марката не е сигурна гаранција за квалитет или безбедност при купување на онлајн платформи и ризикувате да купите токсичен производ, дури и ако изгледа добро и автентично.

При тестирањето биле пронајдени само многу мали траги од олово, а сите наоди биле под законскиот праг. Сепак и оловото е супстанца која мора да се сфати сериозно бидејќи се акумулира во телото и може да влијае на развојот на мозокот, особено кај децата, а  кај возрасните, исто така, може да биде штетно за здравјето.

Главни заклучоци

  • 6 од 16 парчиња накит од странски платформи содржат големи количини на штетни тешки метали како кадмиум и ослободуваат премногу никел.
  • 3 парчиња накит  кои се продаваат како “925 сребро” од платформите се речиси целосно направени од кадмиум. Марката не мора да значи дека е гаранција за автентичност.
  • 7 парчиња накит купени од физички продавници не содржат штетни тешки метали. Едно парче накит има ниско ослободување на никел.

Препораки кои треба да ги применувате при користење на ваков накит

  • Не го ставајте накитот во устата
  • Избегнувајте да го носите секој ден
  • Дозволете на децата да го носат само во посебни прилики
  • Не спијте носејќи го накитот
  • Не носете накитот додека спортувате
  • Избегнувајте накит кој содржи никел ако имате алергија
  • Побарајте документација за производи без никел при купување
  • Ако добиете осип веднаш престанете со употреба и консултирајте се со лекар во случај на сериозни реакции и
  • Размислете два пати пред да купите евтин накит од онлајн продавници надвор од ЕУ

https://taenk.dk/kemi/visit-our-english-version/chemicals-cheap-jewelry