Во рамките на проектот: „Јакнење на правата на потрошувачите во финансиските услуги“, финансиран од страна на Европската Унија, Европскиот совет за иновации и Извршната агенција за мали и средни претпријатија (ЕИСМЕА) преку Европската потрошувачка организација BEUC., Организацијата на потрошувачите на Македонија изработи промотивна брошура чија цел е да послужи во градење на свеста за заштитата на колективните интереси и права на потрошувачите, во областа на финансиските услуги.
Во брошурата е појаснет начинот на користење на дигиталната алатка ПРИЈАВИ ПРОБЛЕМ која е наменета да им помогне и да ги охрабри потрошувачите да ги пријават проблемите со финансиските институции, каде има непочитување на нивните права и интереси, при користење на различни финансиските услуги.