Добриот инвертер клима уред, треба да биде и енергетски ефикасен!
Организацијата на потрошувачите на Македонија започнува кампања за колективно купување на добро оценети инвертер клима уреди од страна на независна институција за компаративно тестирање во Европа (ICRT- International Consumer Research and Testing). Во ова тестирање отстварено преку CLEAR-X проектот учествуваше и ОПМ како партнер со повеќе организации на потрошувачи од земјите на ЕУ.
ОПМ за целите на колективното купување и кампањата подготви посебна веб платформа на која потрошувачите во првата фаза која започнува денес , 22 февруари 2023 г., можат да се регистрираат, за во втората фаза која започнува од средината на месец април 2023 г. да добијат понуда за купување на инвертер клима уред. Понудени ќе бидат само оние клима уреди кои постигнале добра или многу добра оценка на независниот компаративен тест. Повеќе…