Кредитни калкулатори

Избери калкулатор:

Пресметај колкав кредит можеш да земеш

Колкав e максималниот кредит што може да си го дозволиш и вкупната камата што ќе треба да ја платиш?

Дали планираш да земеш кредит, а не знаеш колкав износ можеш да си дозволиш? Со овој калкулатор можеш да пресметаш. Калкулаторот, исто така, ќе ја пресмета и вкупната камата што ќе ја платиш за кредитот.

  1. Прво, утврди ја месечната рата која можеш да си ја дозволиш врз основа на твоите месечни приходи и трошоци, и внеси ја во полето подолу. Имај предвид дека месечната рата не треба да надминува 30% од твоите вкупни месечни приходи. На тој начин ќе ти останат доволно пари за останатите трошоци.
  2. Потоа размисли за колку време сакаш да го вратиш кредитот и внеси го бројот на месеци во соодветното поле.
  3. Внеси ја висината на каматната стапка за кредитот кој сакаш да го земеш. Ако кредитот има променлива (варијабилна) каматна стапка, прашај во банката кој е моменталниот износ на каматната стапка за тој кредит. Кога каматната стапка е променлива, пресметката ќе го прикаже износот на каматата што ќе ја платиш ако во периодот на враќање на кредитот се задржи истото ниво на каматна стапка.

Пример 1:

  • Ако месечната рата која можеш да си дозволиш да ја плаќаш е 6.000 ден.
  • Би сакал(а) да го вратиш кредитот за 5 години (60 месеци)
  • Каматната стапка изнесува 5%

Резултати од пресметката:

  • Кредитот би изнесувал 317.944 ден.
  • Вкупната камата што ќе ја платиш би изнесувала 42.056 ден.

Пример 2:

  • Ако месечната рата која можеш да си дозволиш да ја плаќаш е 10.000 ден.
  • Би сакал(а) да го вратиш кредитот за 10 години (120 месеци)
  • Каматната стапка изнесува 4,5%

Резултати од пресметката:

  • Кредитот би изнесувал 964.893 ден.
  • Вкупната камата што ќе ја платиш би изнесувала 235.107 ден.

Максимален износ на кредит

Вкупна камата што ќе ја платиш

Пресметај месечна рата и амортизациски план

Колкава ќе биде месечната рата за кредитот што сакаш да го земеш?

Доколку знаеш колкав кредит ти треба, а не знаеш колкава би била месечната рата за отплата на кредитот, можеш во полињата подолу да ги внесеш податоците за:

  • износот на кредитот
  • бројот на рати односно месеци во кои ќе се отплаќа кредитот и
  • висината на каматната стапка

Калкулаторот ќе прикаже најдолу и амортизациски план, што покажува колкав износ од месечната рата ќе се користи за отплата на главницата на кредитот, а колку ќе се користи за плаќање на каматата.

Пример 1:

  • Ако сакаш да земеш кредит од 300.000 ден.
  • Би сакал(а) да го вратиш кредитот за 5 години (60 месеци)
  • Каматната стапка изнесува 5%

Резултати од пресметката:

  • Висината на месечната рата би изнесувала 5.661 ден.
  • Вкупната камата што ќе ја платиш би изнесувала 39.682 ден.

Пример 2:

  • Ако сакаш да земеш кредит од 900.000 ден.
  • Би сакал(а) да го вратиш кредитот за 10 години (120 месеци)
  • Каматната стапка изнесува 5,5%

Резултати од пресметката:

  • Висината на месечната рата би изнесувала 9.767 ден.
  • Вкупната камата што ќе ја платиш би изнесувала 272.084 ден.

Висина на месечна рата

Вкупна камата што ќе ја платиш

Симни Пдф

Месец

Рата

Камата

Отплата

Остаток за отплата

Пресметка на трошоци на дозволено пречекорување на трансакциска сметка/картичка

Колку ве чини дозволениот минус?

Доколку користиш дозволено пречекорување (дозволен минус) банката пресметува каматаа секој ден кога е искористено ова пречекорување. За да знаеш колку те чини тоа на месечно ниво, внеси податоци за бројот на денови во месецот во кои имаш дозволено пречекорување (дозволен минус), и кој е износот на пречекорувањето. Калкулаторот ќе пресмета приближен износ на месечната камата која ја наплатува банката.

Пример 1:

  • Ако дозволеното пречекорување е 60.000 ден.
  • Каматната стапка на дозволеното пречекорување е 9,5%
  • Бројот на денови во месецот со пречекорување е 20

Резултати од пресметката:

  • Износот на камата во месецот изнесува 312 ден.

Пример 2:

  • Ако дозволеното пречекорување е 120.000 ден.
  • Каматната стапка на дозволеното пречекорување е 9,5%
  • Бројот на денови во месецот со пречекорување е 30

Резултати од пресметката:

  • Износот на камата во месецот изнесува 937 ден.

Камата

Пресметај трошоци и заштеди при предвремена отплата

Дали ти се исплати предвреме да го отплатиш или преструктуираш кредитот?

Ако на пазарот се намалат каматните стапки, а ти сѐ уште отплатуваш кредит со висока каматна стапка, можеби треба да размислиш за предвремена отплата (враќање) на кредитот или, пак, за негова замена (рефинансирање) со нов кредит. Во полињата подолу внеси податоци за:

  • износот на постојниот кредит
  • првобитниот број на рати, односно, месеци во кои требало да се врати кредитот
  • преостанатиот број на рати кои не се отплатени
  • постојната каматна стапка
  • новата каматна стапка (доколку сакаш да го рефинансираш кредитот, односно да го префрлиш во друга банка) и
  • податоци за промена на рокот на отплата

Калкулаторот пресметува и амортизациски план во кој ќе бидат прикажани износите на ратите што останале неисплатени и новиот износ на месечните рати (доколку кредитот се замени со нов), а ја прикажува и разликата во каматата меѓу првобитниот кредит и ориентационен пример за новиот кредит.

Пример 1:

  • Ако кредитот е 300.000 ден.
  • Кредитот бил земен на период од 5 години (60 месеци)
  • Каматната стапка била 7,8%, а новата каматна стапка (на новиот кредит) е 6%
  • Преостанати рати – 20
  • Преостанат износ за отплата – 121.085 ден.

Резултати од пресметката:

  • Износот на старата месечната рата изнесува 6.054 ден., а новата рата ќе изнесува 6.377 ден.
  • Износот на старата камата изнесува 7.884 ден., а новата камата ќе изнесува 6.457 ден.
  • Разликата во камата ќе изнесува 1.427 ден., за ист број на преостанати месеци на отплата

Пример 2:

  • Ако кредитот е 600.000 ден.
  • Кредитот бил земен на период од 10 години (120 месеци)
  • Каматната стапка била 7,8%, а новата каматна стапка (на новиот кредит) е 6%
  • Преостанати рати – 80
  • Преостанат износ за отплата – 449.058 ден.

Резултати од пресметката:

  • Износот на старата месечната рата изнесува 7.216 ден., а новата рата ќе изнесува 6.824 ден.
  • Износот на старата камата изнесува 128.254 ден., а новата камата ќе изнесува 96.890 ден.
  • Разликата во камата ќе изнесува 31.364 ден., за ист број на преостанати месеци на отплата

Пример 3:

  • Ако кредитот е 600.000 ден.
  • Кредитот бил земен на период од 10 години (120 месеци), а сега сакаш да го вратиш за 5 години (60 месеци) од сега
  • Каматната стапка била 7,8%, а новата каматна стапка (на новиот кредит) е 6%
  • Преостанати рати – 80
  • Преостанат износ за отплата – 449.058 ден.

Резултати од пресметката:

  • Износот на старата месечната рата изнесува 7.216 ден., а новата рата ќе изнесува 8.682 ден.
  • Износот на старата камата изнесува 128.254 ден., а новата камата ќе изнесува 71.835 ден.
  • Разликата во камата ќе изнесува 56.419 ден., за ист број на преостанати месеци на отплата

Рата

Преостaната камата

Вкупен износ на долг

Нова рата 1 (со нова каматна стапка, ист број на рати)

Разлика во вкупен трошок за камата

Нова рата 2 (со нова каматна стапка и нов број на рати)

Разлика во вкупен трошок за камата

Симни Пдф

 

Месец

Ануитет 1

Камата

Отплата

Остаток

Месец

Ануитет 2

Камата

Отплата

Остаток

Месец

Ануитет 3

Камата

Отплата

Остаток