Home / Информативни материјали / Брошури / Права на потрошувачите / Насоки за финансиските институции во погледна заштитата на правата на потрошувачите

Насоки за финансиските институции во погледна заштитата на правата на потрошувачите

Постоечкото законодавство за заштита на потрошувачите во Република Северна Македонија во најголема мерка е хармонизарано со европското право за заштита на потрошувачите, преку усвојување правни прописи во кои се транспонирани голем број директиви, уредби или други прописи на ЕУ кои се однесуваат на заштитата на потрошувачите. Со оглед дека потрошувачкото право во Европската Унија е променливо, потребно е и националната правна рамка да ја следи динамиката и да се подобрува, следејќи го развојот на иновативните технологии, дигиталните пазари, зелената агенда поврзана со енергетската ефикасност и одрж ливата потрошувачка, согледана, меѓу другото, и преку правните прописи кои го уредуваат правото на поправка на производите, развој на електронската трговија и дигиталните пазари, регулирање на рекламирањето, спречување на злоупотребите од вештачката интелигенција, злоупотреба на личните податоци, онлајн измами, како и ефективната заштита на колективните интереси на потрошувачите. Повеќе во прирачникот..