Home / Новости / Активности / Организација на потрошувачите на Македонија започнува проект Clear-x за помош на потрошувачите да учествуваат во зелената транзиција за заштеда на сметките за енергија

Организација на потрошувачите на Македонија започнува проект Clear-x за помош на потрошувачите да учествуваат во зелената транзиција за заштеда на сметките за енергија

Организацијата на потрошувачи на Македонија оваа недела помогна во започнувањето на проектот CLEAR-X кој треба да им помогне на потрошувачите да пристапат до технологиите за обновлива енергија и да заштедат пари на сметките за енергија. Проектот е финансиран од ЕУ (координиран од Европската организација на потрошувачи, BEUC), а има за цел да им помогне на потрошувачите да инвестираат во обновливи извори на енергија и мерки за енергетска ефикасност во домаќинствата по пристапна цена.

Проектот ќе им помогне на потрошувачите со обезбедување на веродостојни информации и насоки за колективно купување со примена на соодветни правила за обновливи извори на енергија.

Проектот беше истакнат од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен како пример за тоа што ЕУ го прави за да им помогне на луѓето „да ги искористат придобивките од енергетската транзиција“, во говорот по повод Неделата на одржлива енергија на ЕУ.

Проектот се фокусира на Централна и Источна Европа (Бугарија, Кипар, Литванија, Северна Македонија, Словачка, Словенија). Целта е да се допре до 38.000 потрошувачи за да се активираат инсталации за обновливи извори во вредност од 27 милиони евра, со фокус на сончевите панели.

Потрошувачите ќе имаат пристап до лабораториски тестирани производи, избрани инсталатери и доверлива контакт точка од трета страна во текот на нивното патешествие при купување. Ова ќе им помогне на потрошувачите да пристапат до обновливите извори на енергија и мерките за енергетска ефикасност, што ќе им овозможи да направат трајни заштеди на сметките за енергија.

„Овој проект ќе им помогне на потрошувачите да инвестираат во обновливи извори на енергија и технологии за енергетска ефикасност. Висок процент на енергијата која ја користиме во домаќинството се троши на греење, а најголемиот дел потекнува од фосилни горива кои се загадувачи. Треба да го промениме ова, заради климата, но и, да им помогнеме на потрошувачите да направат трајна заштеда на енергија, а тоа да не заштити од нестабилните цени на фосилните горива. Овој проект ќе им помогне на потрошувачите низ Централна и Источна Европа да го добијат најдобриот можен договор, да учествуваат во зелената транзиција и да почнат да генерираат заштеди на сметките за енергија“.