Home / Новости / Повеќето водоотпорни јакни од онлајн платформите Амазон, Шеин и Тему содржат штетни хемикалии-PFAS

Повеќето водоотпорни јакни од онлајн платформите Амазон, Шеин и Тему содржат штетни хемикалии-PFAS

Повеќето водоотпорни јакни од онлајн платформите Амазон, Шеин и Тему содржат штетни хемикалии-PFAS

Јакните коишто се купуваат без оглед за која сезона од годината, може да содржат PFAS (Per-and polyfluoroalkyl substances) со цел да може да се направат поотпорни на за користење на дожд, снег, сонце и сл. Но овие супстанци се штетни и за животната средина и за здравјето на луѓето.

Данскиот совет за потрошувачи извршил тестирање на 26 јакни купени на онлајн платформите на Амазон, Шеин и Тему, но и во одредени физички продавници (Coop, H&M, Lidl и сл.), во однос на тоа дали содржат PFAS и дали има разлика помеѓу облеката која ја купувате надвор или во рамките на границите на ЕУ.

Што е всушност се PFAS хемикалиите?
PFAS се хемикалии кои можат да се користат за да се направат јакната отпорна на вода и нечистотија. Но супстанциите едвај се разградуваат и ја загадуваат почвата, подземните води и храната која ја јадеме. PFAS се поврзани со здравствени ризици како што се ослабен имунолошки систем, ендокрини нарушувачки ефекти и висок холестерол. Поради тоа на ниво на ЕУ, активно се работи на поширока забрана на PFAS. Постојат неколку илјади PFAS супстанции и различен тип од нив се користат во фабриките.

Начин на тестирање
Тестирање  било извршено во однос на тоа дали има некоја форма на PFAS присутна во обвивките, исто така наречен тотален органски флуор или TOF. Ако има содржина над 50 mg/kg на PFAS во јакната, било тестирано за голем број на специфични PFAS и и  дали истите се легални за употреба во ЕУ.

Висок ризик од PFAS во јакни купени од онлајн платформи
Тестот покажал дека постои најголем ризик од добивање на PFAS доколку купите водоотпорна јакна онлајн платформите како  Amazon, Shein и Temu, имено дури 75% од јакните содржеле PFAS (13 од 17 јакни), додека 12 јакни содржеле PFAS супстанции кои биле нелегални во ЕУ. Додека пак во физичките продавници биле пронајдени PFAS во една од 9 јакни, но тие биле во согласност со законодавството.
Тестот покажал дека најевтината јакна содржи нелегален PFAS, додека пак и најскапата јакна на тестот исто така содржи нелегални PFAS.

Дали PFAS може да се отстрани пред употребата на јакните
При перење пред употреба може да се отстранат некои остатоци од хемикалии од новата облека, но не можете да се ослободите од сите несакани хемикалии. Доколку PFAS е дел од надворешната обвивка, таа може постепено да се измие, но ако е вградена во мембраната, останува во самата јакна без разлика колку пати ќе ја перете.

PFAS се насекаде, а тестот покажува дека постои голем ризик од добивање на опасни PFAS доколку се купуваат јакни на платформи надвор од ЕУ. Супстанциите ја загадуваат почвата, подземните води и можат да се измерат во нашата крв .

Имено најголемиот проблем не е PFAS во поединечниот производ, туку широко распространетата контаминација од самото производство. Фабриките кои произведуваат материјали кои содржат PFAS ги ослободуваат хемикалиите во животната средина, каде што се акумулираат и завршуваат кај животните и луѓето, првенствено преку она што го јадеме. Затоа се препорачува колку шро е можно да се избере облека без PFAS за да се ограничи загадувањето на изворот.

https://taenk.dk/kemi/visit-our-english-version/most-waterproof-jackets-amazon-shein-and-temu-contain-harmful-pfas