Home / Информативни материјали / Прирачници / ПРИРАЧНИЦИ- Програмата за заштита на потрошувачите за 2020 година-АХВ

ПРИРАЧНИЦИ- Програмата за заштита на потрошувачите за 2020 година-АХВ

Организацијата на потрошувачите на Македонија во соработка со Агенцијата за храна ветеринарство, во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите за 2020 година, изработи прирачници наменети за операторите кои приготвуваат храна за предучилишните установи (градинки) и основните училишта:

Прирачник за оператори со храна во основни училишта

Прирачник за оператори со храна во предучилишни установи

При изготвување на содржините земени се предвид прописите кои се однесуваат на безбедноста на храната. Во содржината се опишани постапките за добрите производни и добрите хигиенски пракси кои треба да ги применуваат операторите за храна во ваков вид на објекти. Како прилози се ставени записи за добрите хигиенски пракси и добрите производни пракси кои треба да ги водат овие оператори со храна.
При изготвување на прирачниците земен е передвид и Правилникот за стандардите за исхраната и за оброците во основните училишта, донесен од страна на Министерството за образование. Прирачниците содржат предлог на неделно мени, кое ги задоволува потребите на популационите групи, односно децата во предучилишните установи (градинки) и децата од основните училишта.