Претседателката на Организацијата на поторшувачите на Македонија, Маријана Лончар Велкова, гостуваше во емисијата „Аграр“ која се емитува на Македонската радиотелевизија. Во емисијата се зборуваше за органското производство во Македонија, и предизвиците со кои се соочуваат органските производители. Исто така беше дискутирано и за моменталните законски решенија и неопходните измени за подобрување на моменталната состојба со огранското производство во Македонија. Мобилната апликација „Органски пат“ беше промовирана во текот на емисијата, а истата можете да ја преземете на следниот линк.
Целата емисија можете да ја погледнете на со кликнување на сликата во продолжение.