Home / Новости / Активности / Настани и промоции / Промовирана веб-страница за колективна заштита – kolektivnazastita.mk

Промовирана веб-страница за колективна заштита – kolektivnazastita.mk

Во рамки на проектот на ОПМ „Преземи акција! Вовед во механизмите за колективна заштита, за подобра заштита на правата на потрошувачите“ поддржан од проектот „Развој на колективната заштита на потрошувачите во Југоисточна Европа“ спроведен од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH, Отворен регионален фонд за Југоисточна Европа-Правна реформа по налог на Сојузното Министерство за економска соработка и развој на Германија (BMZ), беше промовирана веб-страница наменета за информирање на граѓаните за можностите за колективна заштита во Република Македонија.

На веб страницата можете да пристапите преку линкот:

kolektivnazastita.mk

Сите материјали изработени во рамки на проектот можете да ги преземете од веб-страницата, како и сите потребни информации и новости за можностите за колективна заштита во Република Македонија и кампањата на ОПМ.