Home / Consumers4Sustainability / РАБОТИЛНИЦА ЗА ОСНОВАЊЕ НА ЛОКАЛНИ СОВЕТИ ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ-БИТОЛА

РАБОТИЛНИЦА ЗА ОСНОВАЊЕ НА ЛОКАЛНИ СОВЕТИ ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ-БИТОЛА

Oрганизација на потрошувачите на Македонија на ден 27.01.2022 година преку ZOOM платформата одржа Рабoтилница за основање на локални совети за заштита на потрошувачите на ниво на општина Битола. На работилницата која се одржа во рамки на проектот „Потрошувачите За одржливост – институционализирање на дијалогот за локалните политики и услугите на граѓанското општество кон општините и бизнисот“, присуствуваа претставници од општина Битола, јавни претпријатија на ниво на општината, инспекциски органи, граѓански организации и други релевантни институции.

Претставници од ОПМ, преку презентации ги запознаа присутните со целите на проектот, правната регулативи за заштита на потрошувачите и политикте на ЕУ, како и потребата од формирање на локални Совети за заштита на потрошувачи.