Home / Consumers4Sustainability / Работилница за основање на локални совети за заштита на потрошувачите – Штип

Работилница за основање на локални совети за заштита на потрошувачите – Штип

Oрганизација на потрошувачите на Македонија на ден 17.02.2022 година преку ZOOM платформата одржа Рабoтилница за основање на локални совети за заштита на потрошувачите на ниво на општина Штип. На работилницата која се одржа во рамки на проектот „Потрошувачите За одржливост – институционализирање на дијалогот за локалните политики и услугите на граѓанското општество кон општините и бизнисот“, присуствуваа претставници од општина Штип, јавни претпријатија на ниво на општината, инспекциски органи, граѓански организации и други релевантни институции.

Претставници од ОПМ, преку презентации ги запознаа присутните со целите на проектот, правната регулативи за заштита на потрошувачите и политикте на ЕУ, како и потребата од формирање на локални Совети за заштита на потрошувачи.

x

Check Also

Дводневна работилница – Општина Штип

Oрганизација на потрошувачите на Македонија на ден 13 и 14 октомври 2022 ...