Home / Новости / Активности / Настани и промоции / Семинар: Систем за заштита на потрошувачите во Австрија

Семинар: Систем за заштита на потрошувачите во Австрија

Организацијата на потрошувачите на Македонија во соработка со Австриската амбасада во Р. Македонија на 4.5.2017 го одржи настанот: „Систем за заштита на потрошувачите во Австрија“. На настанот со свои презентации на присутните се обратија г-ѓа Тамара Габриел, експерт од Австиското министерство за труд, социјала и заштита на потрошувачите и г-дин Симон Едер, директор на едно од 8-те тела за АДР во Австрија („Schlichtung für Verbrauchergeschäfte”). Тие зборуваа за правниот систем во Австрија во доменот на правата на потрошувачите, улогата на министерствата и улогата на организациите на потрошувачите. Потоа стана збор за имплементацијата на АДР Директивата на ЕУ во Австрија, и улогата на новоформините 8 тела кои работат на алтернативно решавање на потрошувачките спорови. Беше презентирана статистика за бројот на случаи кои се водат во АДР телата, како и предностите и слабостите на постоечкиот систем. На настанот присуствуваа бројни претставници на македонските институции кои имаат надлежности во доменот на заштитата на правата на потрошувачите, претставници на граѓанскиот сектор, бизнис секторот, регулаторните тела, коморите итн.