Home / Информативни материјали / Студии / Студија: Поттикнување на фер конкуренција на пазарот

Студија: Поттикнување на фер конкуренција на пазарот

Оваа студија се осврнува на состојбата во секторот Конкурентност и иновации, но подетално навлегува во состојбите со нечесната пазарна пракса и нелојалната конкуренција како најсериозни предизвици за заштитата на потрошувачите и конкурентноста. Истражувањето има за цел да ги сензибилизира државните органи, регулаторите, пошироката јавност, бизнис заедницата и потрошувачите за потребата од поголема синергија во нивното делување, јакнење на фер конкуренцијата и заедничко делување за унапредување на заштитата на потрошувачите и конкурентноста.

Изработката на студијата беше помогната од програмата за регрантирање на ИПА 2 Механизмот за граѓански организации. ОПМ одржа настан како завршна активност на проектот на ОПМ. На следниот линк можете да ги погледнете фотографиите од настанот, а студијата можете да ја преземете со кликнување на сликите во продолжение. Студијата е достапна на македонски и албански јазик.