Организацијата на потрошувачите на Македонија во соработка со Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје, во рамки на програмата за заштита на потрошувачите на Град Скопје за 2017-та година, изработи леток „Налепница за означување на електричните апарати наменети за домаќинствата“. Со овој лекот имаме за цел да ги информираме граѓаните за правата и обврските при користењето на услугите во зонското паркирање.
Зонско паркирање е најмување на обележан паркинг простор за вашето возило. Зонското паркирање во Град Скопје го нудат две јавни претпријатија: Градски Паркинг Скопје и Паркинзи Општина Центар. Плаќањето се врши преку СМС, односно преку мобилен телефон и преку посебно означени автомати каде што може да се купи карта. Паркинг просторот е обележан со табла на која се дадени потребни информации за потрошувачот, да може да купи паркинг карта. Плаќањето за зонско паркирање преку мобилен телефон може да се врши единствено преку националните мобилни оператори во Р. Македонија.