Home / Новости / Храна / Андорид мобилна апликација „Правилна исхрана“

Андорид мобилна апликација „Правилна исхрана“

Организацијата на потрошувачите на Македонија со подршка од Фондот „Anne Fransen“ разви веб страна со назив „Знаете ли што јадете? Совети за правилна исхрана“, мобилна апликација и брошура со ист назив.

Мобилната апликација „Правилна исхрана“ содржи:

  • Семафор кој ви помага да одредите дали одредена храна или пијалак е препорачливо да ги користите поретко или почесто;
  • Калкулатор за вашиот прехранбен профил, што ве информира колкав ви е индексот на телесна маса, колкаво количество на енергија и основни прехранбени состојки ви се потребни во текот на еден ден, и како да ги распределите хранливите состојки (протеини, масти, јаглехидрати и шеќери) меѓу трите главни оброка во денот;
  • Кратки совети за правилната исхрана кои ќе ви помогнат за зачувување на вашето здравје.

Апликацијата е достапна на Google Play, а наскоро ќе биде промовирана и апликацијата за iOS уредите.

mobileBaner