Центарот за еколошка демократија „Флорозон“ во партнерство со Организацијата на потрошувачите на Македонија, во рамките на проектот “Граѓаните активен партнер во реформите на политиките за вода“ изработи „White Paper“ за подобрување на практиките во водните политики во Република Македонија.
Целта на проектот е поставена на неспорната премиса дека граѓанскиот сектор има ограничени капацитети за учество во управувањето со водите со што, процесот на учество на јавноста како што е предвидено од страна на национално, европско и меѓународно законодавство реално е попречено при што истите ги прави неодржливи, во делот на активно учествување во креирањето, спроведувањето и мониторингот на националните и локалните политики за управување со водите.
Овој документ е достапен на македонски и англиски јазик.