почетна / Новости / Активности / Студија: Анализа на состојбите со управувањето со водите во Република Македонија и заштита на правата на потрошувачите

Студија: Анализа на состојбите со управувањето со водите во Република Македонија и заштита на правата на потрошувачите

Центарот за еколошка демократија „Флорозон“ во партнерство со Организацијата на потрошувачите на Македонија, во рамките на проектот “Граѓаните активен партнер во реформите на политиките за вода“  изработи Студија на тема „Анализа на состојбите со управувањето со водите во Република Македонија и заштита на правата на потрошувачите“.

Во оваа студија се врши преглед на правото на еу во областа на водите, управување со водите во националното законодавство, распределбата на ингеренциите во управувањето со водите на централно и локално ниво, финансирање и управување со водите, правата на потрошувачите во овој домен како и заклучоци и препораки.

Целта на проектот е поставена на неспорната премиса дека граѓанскиот сектор има ограничени капацитети за учество во управувањето со водите со што, процесот на учество на јавноста како што е предвидено од страна на национално, европско и меѓународно законодавство реално е попречено при што истите ги прави неодржливи, во делот на активно учествување во креирањето, спроведувањето и мониторингот на националните и локалните политики за управување со водите.

Студијата е достапна на македонски, албански и англиски јазик

     

 

 

x

Може да ве интересира

Програмата за заштита на потрошувачите на Град Скопје

Организација на потрошувачите на Македонија преку Програмата за заштита на потрошувачите на ...