Со воведувањето на новите регулативи на Европската Унија се направени големи промени во опсегот на енергетските класи на производи, а со тоа и на енергетските ознаки, при што сите производители треба да ги почитуваат новите прописи.
Во Република Северна Македонија, примената на новите етикети сè уште не е задолжителна и се следи динамиката на работа на Енергетската заедница. До крајот на годината се очекува да се донесе посебен правилник со кој ќе се регулира оваа проб лематика – Правилник за означување на потрошувачката на енергија и другите ресурси за производите што користат енергија.