Работна средба

На ден 23.11.2022г во Хотелот Солун во Скопје се одржа работна средба за презентација на Законот за општа безбедност на производи и предлог Законот за технички прописи на производи и оцена на сообразност кој се наоѓа во собраниска процедура. Работната средба беше дел од активностите предвидени со Програмата за заштита на потрошувачи на Владата на РСМ за 2022г. На работната средба присуствуваа претставници на Министерството за економија, Институт за стандардизација, инспекциски служби, Агенција за електронски комуникации, стопанските комори, претставници на Советот на потрошувачи на Владата на РСМ и Советот на потрошувачи на Град Скопје.
На настанот од страна на проф. д-р Неда Здравева беше презентиран Законот за безбедност на производи, а беше презентирана и улогата на Државниот пазарен инспекторат во имлементација на законот.


За безбедноста на козметичките производи и детските играчки свое излагање имаше д-р Меланија Ристовиќ претставника на ДСЗИ. На средбата преку ЗООМ платформата со свое излагање се обрати и претставникот на АНЕК, Tania VANDENBERGHE кој го пренесе искуството на ЕУ во доменот на безбедностa на детските играчки.