Home / Consumers4Sustainability / Медиуми / Како до поголема заштита на потрошувачите

Како до поголема заштита на потрошувачите

Во рамки на проектот „Потрошувачите за одржливост – институционализирање на дијалогот за локалните политики и услугите на граѓанското општество кон општините и бизнисот“ во Битола се денеска и утре се одржува работилница која има за цел развивање на дијалог за партнерски услуги меѓу локалните власти, граѓанското општество и локалните компании кои промовираат заштита на потрошувачите и одржлива потрошувачка. Работилницата ја организира Организација на потрошувачи на Македонија (ОПМ), заедно со Асоцијација за развојни иницијативи- Зенит, Комората на мал бизнис и Женската граѓанска иницијатива АНТИКО.


„Планирано е преку оваа дводневна работилница да се активираат сите заинтересирани страни на ниво на Општина Битола, во изготвување на локална програма за заштита на потрошувачите што би послужила како модел програма за 2023 година, согласно Нацрт Законот за заштита на потрошувачите), со вклучување на одржлива потрошувачка и родовата перспектива. Изработката на локалните програми ќе вклучи подготовка на акциски план и предлог-буџет за имплементација на програмите. На работилницата како добра пракса, ќе биде споделено искуството на Советот за заштита на потрошувачите на Владата на Република Северна Македонија и Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје во спроведување на овие програми. Преку работилницата ќе биде претставена потребата во програмите да биде претставена енергетската ефикасност и одржливата потрошувачка, како дел од Зелената агенда на ЕУ“, рече Марјана Лончар Велковска, претседател на ОПМ.

Планирано е преку оваа дводневна работилница да се активираат сите заинтересирани страни на ниво на Општина Битола. Изработката на локалните програми ќе вклучи подготовка на акциски план и предлог-буџет за имплементација на програмите.

извор: tera.mk

x

Check Also

Брошура: Клима уреди со инвертер