Оваа година 15 Март – Светскиот ден на правата на потрошувачите се одбележа под мотото: „Заштита на потрошувачките права!”
На настанот учествуваа претставници на Министерството за економија, Државниот пазарен инспекторат, Агенција за храна и ветеринарство, Агенција за електронски комуникации, Дирекција за заштита на личните податоци, Државен завод за индустриска сопственост, Организацијата на потрошувачите на Македонија, претставници од Здружение на банкарството при Стопанска комора на Македонија, претставници од Групацијата на импортери на моторни возила при Сојузот на Стопански комори на Македонија и бизнис секторот.
- Организацијата на потрошувачите на Македонија учествуваше со презентација на светските и европските трендови во законската регулатива за заштитата на потрошувачите и актуелните проблеми на потрошувачите преку годишната статистика, што беше медиумски проследено.
По повод 15 Март Светскиот ден на правата на потрошувачите беа одржани Oтворени денови за заштита на личните податотици на потрошувачите во делот на банкарските услуги под мотото: „Вашата приватност е сигурна со нас“ со цел подигнување на јавната свест за заштита на личните податоци на потрошувачите во банкарскиот сектор и друштвата за наплата на долгови.
Дирекцијата за заштита на личните податоци, Организацијата на потрошувачите на Македонија, Народната банка на Република Македонија, преку меморандум со: ДООЕЛ, Халкбанк АД Скопје, ТТК Банка АД Скопје, Алфа Банка АД Скопје, Поштенска Банка АД Скопје, Стопанска Банка АД Скопје, НЛБ Тутнска Банка АД Скопје, Стопанска Банка АД Битола, Еуростандард Банка АД Скопје, Шпаркасе Банка АД Скопје и Охридска Банка АД Охрид, како и EOS Matrix DOO, Кредитекспрес Македонија ДООЕЛ, Мелон Солушнс заеднички оргазнизираа Отворени денови – заштита на личните податоци на потрошувачите.
Отворените денови се одржаа на 15 март во Скопје (Градски Трговски Центар), 19 март во Битола ( Градски Плоштад), 21 март во Кавадарци ( Градски Плоштад) , 26 март во Тетово ( Градски Плоштад), 28 март Охрид ( Градски Плоштад), 30 март Струмица ( ТЦ Глобал) од 12-15:00 часот.
На Отворените денови граѓаните имаа можност да се информираат за своето право на заштита на личните податоци во банкарскиот сектор, да добијат одговори на најчесто поставуваните прашања поврзани со собирањето и обработката на личните податоци, директниот маркетинг но и да ги постават директни прашања до Дирекцијата за заштита на личните податоци, Организација на потрошувачите на Македонија, банките и друштвата за наплата на долгови.
За намена на овие активности и заради информирање на потрошувачите беше издадена брошура чија содржина можете да ја прегледате овде..(брошура)
Во месец Март започна кампања под мотото ,,Безбедноста на храната е обврска на сите заинтересирани страни во системот за безбедност на храната. Агенцијата за храна и ветеринарство и Организацијата на потрoшувачите на Македонија почнаа реализација на кампањата за информирање и едукација на потрошувачите за општите и посебните означувања на храната, означување на адитивите, читање на означувањето на прехранбените производи, означување на ГМО храната, означување на алергени состојки во храната, како и истакнување на нутритивните и здравствените тврдења. Во рамки на кампањата која ќе трае до крајот на месец април, ќе бидат промовирани едукативни летоци наменети за потрошувачите кои ќе се дистрибуираат во големите маркети.
На трибините кои ќе бидат организирани, потрошувачите и операторите со храна ќе се информираат за состојбата со примена на ХАСАП системот во производсвото и прометот со храна, улогата на Агенцијата за храна и ветринарство во синџирот на безбедноста на храната, одговорноста на операторите со храна, вршењето на инспекциски надзор над храната од домашно производство и од увоз, а подетално ќе се информираат и за општите и посебните барања за означување на храната.
Врз основа на неопходноста од заедничко делување на сите заинтересирани страни, со цел успешна имплемантација на законските прописи, едукација и информирање на потрошувачите, на трибините ќе присуствуваат претставници од сите учесници вклучени во системот на безбедноста на храната во Република Македонија, од Агенција за храна и ветеринарство, инспекцијата за храна, лабораториите со седиште во локалната самоуправа, операторите со храна, како и претставници на локалната самоуправа, Организацијата на потрошувачите на Македонија, образовни институции и здруженија на граѓани.