Почитувани потрошувачи !
Организација на потрошувачите на Македонија поднесе иницијатива до Народниот правобранител за спогодбено обештетување на потрошувачите на кои од страна на мобилниот оператор Космофон незаконски им се тарифирани импулси поради активирање на услугата говорно сандаче.
Повикувачот нема можност да избере дали сака да ја користи услугата и да остави говорна порака, која ке му биде тарифирана или пак не сака да ја користи услугата, односно несака да биде тарифиран.
Врховниот суд на Република Македонија донесе Пресуда УЖП бр.210/2010 на ден 13.09.2010 година со која конечно го потврди решението на Комисијата за заштита на конкуренција Скопје бр.07/7/2 од 26.01.2009 година. Во постапката е утврдено дека мобилниот оператор Космофон сега ОНЕ ја злоупотребил доминантната позиција на пазарот.
ВАЖНО!!!!
Ве известуваме Народниот правобранител постапи по нашиот допис и одговори позитивно на начин што не извести дека секој граѓанин има право да биде обештетен. За да можете да бидете обештетени треба да поднесете барање за надомест на штета до „Оне“. Барањето треба да содржи до кого е упатено, од кого е упатено, дека се бара надомест на штета, за кои месеци се бара надомест на штета. Доколку ви треба некоја дополнителна информација или помош слободно јавете се нашите телфонски броеви!