почетна / Новости / Меѓународни организации на потрошувачи / Поддршка на Европската комисија

Поддршка на Европската комисија

На 27-28.06.2007 со поддршка на Европската комисија – TAIEX програмата, а по иницијатива на Организацијата на потрошувачите на Македонија и BEUC (Европската потрошувачка организација), во хотелот Холидеј Ин се одржа Семинар за европското потрошувачко право.

Овој Семинар беше наменет за потрошувачките организации и институции од земјите на Западен Балкан со цел да се зајакне потрошувачката заштита, да се подигне нивото на знаења на учесниците преку претставување на Европското потрошувачко право, размена на искуства од практиката како и развивање на регионална соработка.

Исто така учесниците беа запознаени со правните и други инструменти кои се користат во насока на заштита на потрошувачките права согласно со законодавството на ЕУ… повеќе…

x

Може да ве интересира

Потрошувач на финансиски услуги