Оваа област на делување претпоставува заштита на интересите на пациентите преку воспоставување систем на подобра законска регулатива, поголемо учество на граѓаните во процесот на одлучување, транспарентност на информациите и подобро здравствено осигурување и здавствена заштита.
Активностите претежно се насочени кон:
- Анализа на правната регулатива во областа на здравствената заштита, здравственото осигурување и правата на пациентите;
- Соработка со државните органи и институции и стручни организации: Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Фонд за здравствено осигурување на Република Македонија, инспекциските органи, Лекарската Комора на Македонија и др.;
- Соработка со НВО-и кои се регистирани за пружање помош на одредени групи пациенти.
- Едукација за правата на пациентите што се остварува преку: информативни материјали, брошури, трибини, предавања и сл.