Правни совети

Потикнати од развојот на европското законодавство и директивите во областа на заштита на потрошувачите на Европската унија, правната група на ОПМ работеше на донесување Закон за заштита на потрошувачите, усвоен од Собранието на Република  Македонија  во јули, 2000 година.
Така, повеќегодишните активности на Организацијата на потрошувачите на Македонија резултираа со остварување на основната и приоритетна цел – донесување на Законот за заштита на потрошувачите (Службен весник на РМ бр. 63/2000). По имплементација на Законот за потрошувачи се констатираше неопходноста од измени и дополнувања на постојниот Закон што доведе до изработка на нов текст на Законот за заштитан а потрошувачи (кој се донесе 18 јули 2004 година).
Со остварување на една од приритетните цели на Организацијата се создадоа предуслови за остварување  на една друга цел – спроведување на Законот, а со тоа и заштита на правата на потрошувачите.

ОПМ во оваа област, особено работи на:

  • Имплементација на Законот за заштита на потрошувачите пред граѓаните,инспекциските и другите органи преку трибини, семинари и работилници;
  • Обезбедување информативен систем за потрошувачите-инфотека во правната област, едукација на потрошувачите, создавање можност за самоинформирање и достапност на информациите ;
  • Издавање брошури од правната област и нивна десиминација;
  • Изработка на прирачници за советодавачите за општо – правно советување преку генерализирање на податоци од советодавните бироа;
  • Анализа на законодавството во специфичните области;
  • Помош на комисиите на ОПМ во анализа на законодавството во специфичните области;
  • Континуирано следење на правната регулатива за заштита на потрошувачите во Европската унија;
  • Застапување на интересите на потрошувачите во усогласување на националното законодавсто со она на Унијата и залагање за донесување на нов Закон за заштита на потрошувачите во 2018 година;
  • Застапување на интересите на потрошувачите во усогласување на националното законодавсто со она на Унијата;
  • Унапредување на институциите за заштита на потрошувачите во Република Македонија, нивно практично делување и развој;
  • Изработка на предлог програми  за заштита на потрошувачите и нивно презентирање пред Советот за заштита на порошувачите на Владата на Република Македонија;
  • Воспоставување контакти со Законодавно правната Комисија на Собранието на Република Македонија.