Организацијата на потрошувачите на Македонија на ден 28.10.2022 година во Стопанска комора на Северна Македонија, одржа средба во рамки на проектот „Партнерството помеѓу граѓанските организации ја подобрува довербата на потрошувачите, животната средина и конкуренцијата!“, финансиран од страна на Шведската меѓународна агенција за развој и соработка (SIDA) и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (BCSDN) и во рамки на реализација на Програмата за заштита на поторшувачи на Владара на Република Северна Македонија за 2022 година.
На средбата присуствуваа претставници од Министерството за економија, Советот за заштита на потрошувачите на Владата, претставници од Советот за заштита на потрошувачи на Град Скопје, Советот за заштита на потрошувачи на Битола, Советот за заштита на потрошувачи на Охрид, Советот за заштита на потрошувачи на Кочани, Државен пзарен инспекторат, Агенција за храна и ветеринарство, Државен санитарен и здравствен инспекторат и други релевантни институции. Работната средба беше поделена на два дела , во првиот дел се зборување за поврзаност на централната и локална власт во имплементација на Законот за заштита на потрошувачите, авториот дел се однесување за улогата на централната и локалната власт за промоција и стекнување со сертификатот ФЕР СО ПОТРОШУВАЧОТ.