Визија
Визијата на Организацијата на потрошувачите на Македонија – ОПМ е општество во кое граѓаните на Република Македонија целосно ги остваруваат своите потрошувачки права и практикуваат одговорна потрошувачка. Ние сме посветени на идејата дека сите ние како потрошувачи имаме право на подобар квалитет на живот, но и одговорност да не го загрозиме тоа право на идните генерации преку нашиот избор и користење на производи и услуги.
Мисија
ОПМ постои заради заштита на потрошувачите во остварувањето на нивните основни права, како што се:
- Достапност на најнужните производи и услуги;
- Безбедни и квалитетни производи и услуги;
- Вистинити и навремени информации и едукација на потрошувачите, заради правилен избор на производи и услуги;
- Надомест на штета кога правата на потрошувачите се повредени;
- Здрава животна средина и одржлива потрошувачка.
Целта на ОПМ ја остваруваме преку обезбедување на совети, информации и едукација на потрошувачите во однос на нивните индивидуални и колективни потрошувачки права, и преку претставување на нивните интереси во процеси на креирање политики и законска регулатива.
Историјат
ОПМ е формирана како здружение на граѓани во 1996 година во Скопје, Република Македонија.
ОПМ е активен член на Меѓународната организација на потрошувачите – Consumers International, Европската организација на потрошувачите – BEUC и Европскиот глас за стандардизација – ANEC.
Комисии и работни групи
Комисиите на ОПМ се формирани врз основа на практичната работа, ефективни комуникации со експерти во поодделни подрачја, потребите на граѓаните, органите и телата на државната управа и локалната самоуправа во доменот на заштитата на потрошувачите.
Нивното постоење и развој е со цел преку соодветни програмски насоки во областите во кои се формирани, да бидат промотор за унапредување и разбирање на правата и одговорностите на потрошувачите.
Програмските определби на комисиите ја сочинуваат суштината на стручната компонента на овој оперативен план во доменот на работните и развојните активности на ОПМ. Во рамките на ОПМ функционираат следниве комисии:
- Правна
- Домување
- Исхрана
- Права на пациенти
- Енергетика
и работни групи за:
- Едукација на децата како потрошувачи во предучилишното воспитание
- Едукација на учениците како потрошувачи во основното образовани