Организацијата на потрошувачите на Македонија во рамките на проектот „Заедно со потрошувачите во дигитализација и модернизација на јавните комунални услугите во општина Охрид“ кој е дел од грантовата шема за доделување на мали грантови од областа на реформата на јавната администрација во рамките на проектот WeBER 3.0, финансиран од Европската унија и кофинансиран од Австриската Развојна агенција, спроведе теренско истражување на 200 испитаници на територија на општина Охрид за утврдување на проблемите на потрошувачите во однос на јавните комунални услуги.
Теренското истражување изврши проценка на задоволството на потрошувачите на ниво на општина Oхрид од користењето на јавните комунални услуги, ги идентификува клучните проблеми со кои се соочуваат потрошувачите во однос на административните постапки пред јавните комунални претпријатија, ги идентификува потрошувачките потреби во однос на недостатокот од дигиталиизацијата на дел од услугите на јавните комунални претпријатија.