Оваа студија за унапредување на положбата на здруженијата на потрошувачите во системот за заштита на потрошувачите во Република Македонија идентификува предизвици и нуди решенија за осмислување нови одредби за здруженијата на потрошувачите во правната рамка, како и за унапредување на соработката меѓу потрошувачките организации, локалните, националните власти и деловниот сектор во креирањето и спроведувањето на мерки за заштита на потрошувачите. Целта е да се подобри заштитата, претставувањето и застапувањето на потрошувачките интереси од страна на здруженијата на потрошувачите во Македонија, во согласност со политиките и решенијата на Европската унија и избрани држави-кандидатки за членство.
Студијата е достапна на македонски и албански јазик, и можете да ја преземете во продолжение со кликање на сликите.