Home / Области на делување / Безбедност на производи / Отповикување на играчките на производителот Мател (Mattel)

Отповикување на играчките на производителот Мател (Mattel)

Во соработка со Американската комисија за заштита на потрошувачите, Мател самоиницијативно отповика 63 врсти магнетни играчки кои беа на продажба пред 31 јануари 2007 година.

Магнетите може да бидат пронајдени и проголтани од малите деца. Некои од играчките се отповикани и заради прекумерното количество на олово во бојата на нивниот површинскиот слој.
Од тие причини низ целиот свет отповикани се досега околу 10 милиони играчки.
Во овој контекст Потрошувачките организации од Европа членки на БЕУК – Европската потрошувачка организација иницираат да се направи преглед на ефикасноста и практичната примена на европските закони.
ОПМ како членка на БЕУК упати барање до Државниот санитарен и здравствен инспекторат да достави информација за евентуално присуство на спорните играчки кај нас и нивно повлекување од пазарот. Од таму добивме известување дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со актуелната состојба околу исправноста на детските играчки извршил засилен инспекциски надзор на 16 и 17.08.2007 година во Скопје и останатите подрачни одделенија во државата и земал мостри од детски играчки од кинеско потекло за испитување. Примероците од детските играчки биле доставени за анализа во Републичкиот завод за здравствена заштита -Скопје. Од добиениот стручен извештај на ден 23.08.2007 година од вкупно земени 37 примероци детски играчки од различни видови со потекло од Кина во два случаи примероците покажале присуство на олово што значи дека се здравствено неисправни. Се работи за детска играчка – топка. Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат посочуваат дека акцијата околу следење на детските играчки ќе продолжи и понатаму.
Повеќе информации за повлекување на играчките на Мател можат да се најдат на следниве web страни:
– Насловна страна на Американската комисија за заштита на потрошувачите (CPSC) http://www.cpsc.gov/cpscpub/prerel/prerelaug07.html
– Доколку сакате да дознаете во кои држави Мател ги отповикал спорните играчки : http://service.mattel.com/intl.asp
– Отповикани играчки од некои балкански држави…


Безбедност на производи (брошури)

detski_igrackiБезбедност на детски играчки