Home / Информативни материјали / Билтени / Билтен: Потрошувачите и храната – бр. 1

Билтен: Потрошувачите и храната – бр. 1

Организацијата на потрошувачите на Македонија во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите за 2018-та година го издава првиот број на е-билтенот „Потрошувачите и храната“. Предвидено е до крајот на годината да бидат издадени 10 броја на е-билтенот кој ќе излага еднаш месечно.

Во овој број можете да прочитате: „На што треба да внимаваат потрошувачите кога купуваат храна“, „Од каде доаѓа мојата храна“, „Нутритивен профил“, „Поврзаност на исхраната со јавното здравје и можности за интервенции“, „Хемиски опасности во храната“ и „МЛЕКО – производ кој не треба да го избегнувате!“.