Организацијата на потрошувачите на Македонија во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите за 2018-та година го издава четвртиот број на е-билтенот „Потрошувачите и храната“. Предвидено е до крајот на годината да бидат издадени 10 броја на е-билтенот кој ќе излага еднаш месечно.
Во овој број можете да прочитате: „Беук – новости: здруженијата на потрошувачи се залагаат за крај на употребата на цртани ликови за маркетинг на нездрава храна“ , „Акутни здравствени ризици за потрошувачите“, „Справување со маркетингот на храна за децата“, „Совети за правилна исхрана“, „Микотоксини“ и „Овошјето и зеленчукот како функционална храна“.