Home / Новости / Активности / Настани и промоции / ГАЛЕРИЈА: Градење дигитален свет на кој потрошувачите можат да му веруваат

ГАЛЕРИЈА: Градење дигитален свет на кој потрошувачите можат да му веруваат

Под мотото на Светската организација на потрошувачи „Градење дигитален свет на кој потрошувачите можат да му веруваат“ се одбележи 15-ти март – Светскиот ден на правата на потрошувачите во просториите на Агенцијата за електронски комуникации. Говорници на настанот беа: претседателката на ОПМ г-ѓа Маријана Лончар Велкова, претседател на Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје г-дин Марјан Додовски, Државен секретар во Министерството за економија г-ѓа Анета Димовска, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје и претседател на праваната група при ОПМ д-р Јадранка Дабовиќ Анастасовска. Со свои презентации на настанот се преставија: правен советник во ОПМ г-дин Иво Костовски, раководител на одделението Скопје при Државниот пазарен инспекторат г-ѓа Соња Солевска, раководител на одделението за потрошувачи при Агенцијата за храна и ветеринарство д-р Ката Стојановска, преставник на Агенцијата за електронски комуникации Влатко Спироски и преставник на Дирекцијата за заштита на лични податоци г-ѓа Лилјана Пецева Илиеска.