почетна / Новости / Активности / Колку македонските потрошувачи конзумираат безбедна храна?

Колку македонските потрошувачи конзумираат безбедна храна?

Македонските граѓани конзумираат здрава и безбедна храна. Ова го покажуваат сите анализи од надлежниот инспекторат, кои се дел од мониторинг програмата за безбедност на храната, спроведена од АХВ, тврди директорорт Зоран Атанасов.

Најчестите поплаки од граѓаните поврзани со прехрамбените производи се лошите хигиенски услови во објектите и продажба на храна со изминат рок.

Статистичките податоци покажуваат дека постои тенденција на изедначување на процентот на увоз со извозот на храна, а и понатаму најувезувана храна е пилешкото месо.

Од Организацијата на потрошувачи на Македонија велат дека се повеќе поплаки од граѓаните се поврзани со нејасното истакнување на потеклото на производот, но и поради различните цени на производите истакнати на рафтовите и при доаѓањето на каса.

Инаку, по повод 16 октомври – “Светскиот ден на храната” беше организиран хуманитарен настан на кој сите производители на храна во земјава донираат прехрамбени продукти, кои ќе бидат доделени на СОС Детското село и во пунктот на бездомници во Црвениот Крст.

Текстот е преземен од веб-порталот https://sitel.com.mk/agencija-za-hrana-i-veterinarstvo-vo-makedonija-se-konzumira-bezbedna-hrana

x

Може да ве интересира

Потрошувач на финансиски услуги