Home / Информативни материјали / Брошури / Потрошувачот и неговите основни потрошувачки права

Потрошувачот и неговите основни потрошувачки права

Организацијата на потрошувачите на Македонија во соработка со Министерството за економија, во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите за 2018-та година изработи брошура со назив: ПОТРОШУВАЧОТ И НЕГОВИТЕ ОСНОВНИ ПОТРОШУВАЧКИ ПРАВА.

Оваа брошура нуди совети за основните потрошувачки права и за надлежните институции за нивна заштита. Правата на потрошувачите датираат уште од 1985 година,  кога од страна на Организацијата на Обединетите нации (ООН) беше усвоена Резолуцијата 39/248 со која се утврдуваат основните насоки за заштита на потрошувачите, кои од страна на Светската организација на потрошувачи (Consumer`s International) беа усвоени како осум основни потрошувачки права. Овие насоки преттсавуаат основа за развој на законодавството за заштита на правата на потрошувачите во европски и светски рамки.

Брошурата е достапна на македонски и албански јазик.