По повод 14 октомври – Светскиот ден на стандардизација, ОПМ организираше работна средба на ЗУМ платформата со над 30 учесници, претставници од државните органи, стопанските комори и граѓански организации.
На средбата беа презентирани новите решенија за безбедност на производите преку два предлог закона на национално ниво. За овој настан ОПМ доби силна поддршка од страна на европската организација ANEC – Европски потрошувачки глас во стандардизација, преку учество на двајца експерти, г-ѓа Кјара Гиованини која зборуваше за промените на Директивата за општа безбедност на производите во ЕУ и г-ѓа Хелена Мендез која ги претстави начините за проценка на ризик кај детските игралишта.
На средбата беа предложени заклучоци за усогласување на нашата правна рамка со правото на ЕУ и поголем ангажман на сите учесници во функционирање на системот на надзор над пазарот и безбедност на производите