Со оглед на тоа што во процедура е донесување на предлог измени на Законот за заштита на потрошувачите
правната група на ОПМ учествуваше во давање предлог измени до Министерството за економија кое е воедно и предлагач на овој Закон.
За таа цел ОПМ иницираше организирање на експертски Форум на тема : „Предлог на Закон за измени и дополнувања на законот за заштита на потрошувачите“, кој се одржа на 23 декември 2010 година, во хотелот „Холидеј ин” – во Скопје со почеток во 9.30 часот
Експертскиот форум се одржа со цел да се придонесе кон подобрување на предложениот текст на Законот за измени и дополнувања на Законот за заштита на потрошувачите и согледување на степенот на неговата усогласеност со двете нови Директиви за нечесно пазарно однесување кон потрошувачите на деловните субјекти и колективно застапување на потрошувачите.
Заклучоците од Експертскиот форум и коментарите на експертите беа доставени до ресорното Министерство за економија.