почетна / Новости / Меѓународни организации на потрошувачи / Европската комисија забрани 22 хемиски супстанци

Европската комисија забрани 22 хемиски супстанци

Европската комисија забрани 22 хемиски супстанци кои се користат во производството на боите за коса. Комисијата ги забрани посочените хемиски супстанции потпирајќи се на научната студија врз основа на која овие состојки се канцерогени. Испитувањата сеуште не се завршени а засега се забранети оние супстанции за кои нема гаранција дека се здравствено прифатливи. Листа на забранетите супстанции во фарбите за коса кои се забранети од Европската комисија ги има на следниов линк: http://ec.europa.eu/enterprise/index_en.htm

  • 6-Methoxy-2,3-Pyridinediamine и негова HCl сол
  • 2,3-Naphthalenediol
  • 2,4-Diaminodiphenylamine
  • 2,6-Bis(2-Hydroxyethoxy)-3,5-Pyridinediamine
  • 2-Methoxymethyl-p-Aminophenol
  • 4,5-Diamino-1-Methylpyrazole и негова HCl сол
  • 4,5-Diamino-1-((4-Chlorophenyl)Methyl)-1H-Pyrazole Sulfate
  • 4-Chloro-2-Aminophenol
  • 4-Hydroxyindole
  • 4-Methoxytoluene-2,5-Diamine и негова HCl сол
  • 5-Amino-4-Fluoro-2-Methylphenol Sulfate
  • N,N-Diethyl-m-Aminophenol
  • N,N-Dimethyl-2,6-Pyridinediamine и негова HCl сол
  • N-Cyclopentyl-m-Aminophenol
  • N-(2-Methoxyethyl)-p-phenylenediamine и негова HCl сол
  • 2,4-Diamino-5-methylphenetol и негова HCl сол
  • 1,7-Naphthalenediol
  • 3,4-Diaminobenzoic acid
  • 2-Aminomethyl-p-aminophenol и негова HCl сол
  • Solvent Red 1 (CI 12150)
  • Acid Orange 24 (CI 20170)
  • Acid Red 73 (CI 27290)

Организацијата на потрошувачите на Македонија се обрати со писмено барање до Советот на потрошувачи на Влада на Република Македонија со цел да се преземат соодветни мерки за разгледување на постоечката законска регулатива во сооднос со регулативата на ЕУ како и временската рамка за усогласување на истата. Истотака ОПМ се обрати и до Министерството за здравство, како надлежна институција, која преку своите служби: Државен санитарен и здравствен инспекторат и Бирото за лекови, ја врши контролата на увозот, производството и прометот на козметичките производи и увозот на отровите.

Наведените институции потребно е да превземат активности согласно законски овластувања за повлекување од нашите пазари, на сите препарати кои ги содржат забранетите супстанции. Исто така, потребно е да се превземат активности за спречување на увозот на истите.

x

Може да ве интересира

Отповикување на играчките на Мател

Во соработка со Американската комисија за заштита на потрошувачите