Home / Новости / Меѓународни организации на потрошувачи / Светски ден на правата на потрошувачите 2017: Градење дигитален свет на кој потрошувачите можат да му веруваат

Светски ден на правата на потрошувачите 2017: Градење дигитален свет на кој потрошувачите можат да му веруваат

На 15ти Март, Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) ќе го прослави Светскиот ден на Правата на Потрошувачите со тоа што ќе се приклучи на глобалната кампања за градење на „Подобар дигитален свет“ #BetterDigitalWorld која промовира пристап, партиципација и иновација кои се полезни за потрошувачите, економијата и општеството.

Организациите на потрошувачи од целиот свет,  во соработка со Светската организација на потрошувачи (Consumers International), ќе се обединат со една крајна цел: Градење на Дигитален свет на кој потрошувачите можат да му веруваат.

По повод ова, ОПМ ќе се приклучи на пошироката кампања со промовирање на правата на потрошувачите во дигиталната сфера, односно купувањето преку интернет користејќи ги средствата за далечинска комуникација, преку социјалните мрежи и медиумите. Имено ОПМ во соработка со Министерството за економија има изработено брошура за правата на потрошувачите при купувањето преку интернет, со која ги информираме потрошувачите за своите права во овој домен и последните измени на Законот за заштита на потрошувачите кои се однесуваа меѓудругото и на купувањето преку интернет.

Што е доверба на дигитален потрошувач и како може истата да ја изградиме?

Дигиталната технологија има огромно влијание на потрошувачите низ светот. До 2020, 52% од светската популација ќе биде онлајн – ова значи дека бројот на луѓе кои се приклучуваат на интернет ќе се зголеми за третина за само пет години.

Технологијата им даде на потрошувачите повеќе избор, комфор и информации, но важните проблеми остануваат. Заеднички труд е потребен за да се пружи на онлајн популацијата пристап до квалитет, достапни конекции, за да се стави крај на нечесни пазарни практики кои се применуваат онлајн, за да се обезбеди сигурност и безбедност на податоците и за да се им се помогне на потрошувачите да знаат на кои услуги можат да им веруваат.

Заштита на потрошувачите и јакнење на свеста се клучни за градење на доверба во дигиталната технологија. Светскиот ден на Правата на Потрошувачите ќе пружи одлична шанса за нас да поставиме агенда во дигиталниот свет што ќе стави акцент на пристапот, изборот и сигурноста на потрошувачите.

На 15-ти Март, Светската организација на потрошувачи, во соработка со Германското федерално министерство за правда и заштита на потрошувачите и Федерацијата на германските потрошувачки организации, ќе бидат домаќини на Г20-тата потрошувачка средба во Берлин, Германија. Средбата ќе биде официјален дел од Германското претседателство на Г20 и ќе се стреми да стави акцент на важноста на заштитата на потрошувачите и јакнење на свеста во дигиталната економија.

Дознајте повеќе!

Проверете го вашето знаење за дигиталните права преку овој краток квиз. Погледнете го промо видеото за светскиот ден на потрошувачите.